(Видео) Трикатен хотел уништен во експлозија во Грција, нема повредени

пред 4 години

Никој не е повреден во експлозијата што се случи синоќа во близина на грчкиот град Касторија, но уништен е трикатен хотел, објавија локалните власти.

Силната експлозија, која се случила половина час по полноќ, го уништи хотелскиот објект со 80 соби, кој беше затворена.

Причината за експлозијата не е позната, а првите откритија од истрагата укажуваат на истекување на гас, објави АП.

Јорданис Михаилидис, првиот човек на Сојузот на сопственици на хотели од Касторија, изјави дека експлозијата била силна и дека имало прекин на електричната енергија.

Share
Scroll to Top