Општина Центар воведува еднонасочен сообраќаен режим на ул. Св. Климент Охридски – позната како Адвокатска улица.
Еднонасочниот сообраќаен режим ќе биде воспоставен во правец на движење од страна на бул. Крсте Петков Мисирков кон ул. Филип Втори Македонски.
Овие теренски активности се изведуваат во согласност со Проектот за смирување на сообраќајот и зголемување на безбедноста околу општинското основно училиште „Св. Кирил и Медотиј“.
„Со поставување на нови сообраќајни знаци во овој дел на Центар ќе се овозможи регулирање и намалување на сообраќајот, како и зголемена безбедност за сите учесниците во сообраќајот, особено за учениците од локалното училиште. Апелираме до граѓаните да бидат внимателни во текот на денешниот ден додека се изведуваат теренските активности, а понатаму да го почитуваат новопоставениот сообраќаен режим“, се наведува во соопштението.