Со секоја нова мутација коронавирусот станува поопасен, предупреди Институт „Роберт Кох“

пред 4 години

Коронавирусот станува поопасен со секоја нова мутацијата, предупредија денеска министерот за здравство на Германија, Јенс Спан и шефот на институтот Роберт Кох, Лотар Вилер.

Вилер  рече дека биле откриени неколку мутации и дека во моментов е докажано присуство на три соеви во Германија. Според него, најопасна во моментот е големата можност британскиот вид (Б1.1.7) да се прошири понатаму.

„Овој вид е позаразен и поопасен. Ние мора да спречиме оваа варијанта да се шири понатаму “, рече Вилер.

Тој потенцираше дека вирусот сè уште не е уморен, но дека добил нов поттик преку мутацијата, поради што е важно граѓаните да ги почитуваат мерките.

Тој посочи дека динамиката со која ќе се шират новите видови е од клучно значење, затоа е потребно да се работи на понатамошно намалување на бројот на заразени лица.

Кога станува збор за вакцинацијата, Спан рече дека претстојат потешки недели поради ограничената испорака на вакцини. Додаде дека до крајот на првиот квартал, сите од првата приоритетна група ќе добијат понуда за вакцинација, а потоа и луѓето со зголемен ризик.

Тој посочи дека Европската комисија во моментов е на крајот од разговорите со компанијата Новавакс и дека сметаат на нови количини вакцини.

Share
Scroll to Top