„Менсон имаше соба за силување“: Музичарката Фиби Бриџис ги поддржа жртвите на пејачот

„Менсон имаше соба за силување“: Музичарката Фиби Бриџис ги поддржа жртвите на пејачот

пред 4 години

Откако минатата недела пет жени го обвинија пејачот Мерилин Менсон за психичко, физичко и сексуално малтретирање, сега и музичарката Фиби Бриџерс го сподели своето непријатно искуство. Таа на „Твитер“ напиша дека Менсон во неговиот дом имал соба за силување.

„Кога бев тинејџерка отидов во домот на Мерилин Менсон со неколку пријатели. Бев голема обожавателка. За една соба во неговата куќа ми кажа дека е ‘соба за силување’, но во тоа време мислев дека е само лоша смисла за хумор. Веќе не сум му фан“, напиша музичарката.

Прва што зборуваше за малтретирањето од Менсон беше актерката Еван Рејчел Вуд, која го обвини музичарот дека ја злоставувал додека била уште тинејџерка. По ова проговирија уште неколку жени. Една рече дека Менсон ја врзал, ја силувал и уживал во нејзината болка, а друга рече дека ја заклучувал во соба кога била „лоша“ и ја навредувала со часови.

Менсон ги негираше сите обвинувања, но и покрај тоа, неговата издавачка куќа, „Лома Виста“, го прекина договорот за соработка.

 

Share
Scroll to Top