Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на 6 февруари спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возењето со поголема брзина од дозволената на автопатот Куманово-Велес и обиколницата околу Скопје и при тоа санкционирани се 75 прекршоци. Од нив, 13 возила се движеле со брзина од над 50 километри на час над дозволената. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
„Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопшти МВР.