Ред бул сакаат Игли Таре да го води проектот во Лајпциг

Ред бул сакаат Игли Таре да го води проектот во Лајпциг

пред 6 години

Поранешниот албански напаѓач, а сега директор на Лацио, Игли Таре е главната цел на „империјата“ Ред бул за водење на фудбалскиот проект во Бундеслигата, РБ Лајпциг.

Според „Тутомеркато“, Таре, кој е на позицијата спортски директор на Лацио од јули 2008 година и импресионираше на оваа позиција, би добил широки овластувања од Ред бул да го предводи фудбалскиот систем на клубот, каде што до неодамна на слична позиција работеше Ралф Рангник.

Ред бул подолго време инвестираат во фудбалот, најмногу со клубовите во Германија и Австрија (РБ Лајпциг и Ред бул Салцбург), и додека во Австрија ги освојуваат титулите, во Германија засега моќта на Баерн Минхен е преголема за вакво постигнување.

Share
Scroll to Top