Гаскоњ повторно шокира: Физички се изживувал над мртвото тело на својот татко.

Гаскоњ повторно шокира: Физички се изживувал над мртвото тело на својот татко.

пред 4 години

Пол Гаскоњ (53), лудата глава на англискиот фудбал, поранешна ѕвезда на Евертон, Њукасл, Тотенхем, Лацио…ја шокирал јавноста со една изјава во подкастот „The anything goes podcast“. Гаскоњ рекол дека физички се изживувал над мртвото тело на својот татко.

„Откако почина во болничкиот кревет, останав сам со неговото тело во собата. Скокнав на неговиот кревет и започнав да го удирам трупот. По некое време се смирив, легнав крај него и го гушкав 45 минути.“

Откако открил неверојатни детали, Гаскоњ продолжил да говори за односот кој го имал со својот татко.

„Најмногу ми недостига во сабота, но неговиот однос кон мене беше толку студен. Разговараше со сите само не со мене“, рекол Гаскоњ и дополнил.

„Сепак, уживав во неговото друштво, го носев со мене секаде по светот. Сега се чувствувам добро, често мислам на него. За него ме врзуваат повеќе добри отколку лоши спомени. Сигурно во тој период му купив 80 автомобили и 18 куќи и бродови“.

Share
Scroll to Top