Претходната година беше многу добра за пазарот на таблети, кој забележа пораст на продажбата од 13,6 проценти. Испорачани се вкупно 164,1 милиони таблет уреди, во споредба со 144,5 милиони од 2019 година, според информациите на аналитичката компанија IDC.
Apple вообичаено е водечка компанија кога станува збор за испорака на таблет уредите. Компанијата испорача 19 милиони iPad модели во текот на четвртиот квартал и вкупно 53,2 милиони уреди во текот на целата година. Samsung е далеку зад Apple со испорачани 10,1 милиони Galaxy Tab уреди во четвртиот квартал (со раст од речиси 45 проценти во однос на истиот период во 2019 година).
И покрај санкциите во САД, Huawei во текот на 2020 година забележа солидни резултати и се најде на третото место меѓу продавачите на таблет уреди. Компанијата испорача 16 милиони таблети минатата година, со помал пораст во споредба со 2019 година. Lenovo е на четвртото место со испорачани 14,1 милиони таблет уреди..