Конор Мекгрегор остана на Блискиот Исток и по поразот од Дастин Поаире, уживајќи во семејната атмосфера и гостувајќи во еден од најелитните ресторани на светот, каде што доби посебен „златен“ стек од Салт Беј (славниот турски готвач Нусрет Гокџе).
Порцијата која се нарекува „златен томахавк“ е всушност јапонско говедско месо (вагју), обложено во 24-каратен златен лист (кој може да се јаде, но нема вкус) и наводно чини над 1.000 долари по порција.