Излегувањето на Велика британија од Европската унија ќе донесе големи промени во Премиер лигата. На фудбалерите и тренерите ќе им биде многу потешко да добијат работни дозволи.
Англиските медиуми, дојдоа до документот, напишан на 12 страници, кој точно ги прецизира условите под кои тренерите од странство ќе можат да добијат дозвола за работа.
Една ставка од правилникот значително ќе ја намали бројката на странски тренери во Премиер лигата.
„Тренер ќе мора да работи во „топ првенствата“, најмалку две години по ред или да три години во период од пет години.
Ова правило ќе им оневозможи да работата во Премиер лигата на Микел Артета, Марсело Бијелса, Оле Гунар Солскјер…
Арсенал е првиот клуб во кариерата на Артета, претходно тој му беше помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер сити.
Бијелса ја започна третата сезона во Лидс јунајтед, меѓутоа во претходните две сезони екипата се натпреваруваше во Чемпионшип дивизијата.
Солскјер во Манчестер јунајтед дојде од Молде.
Овој правилник се уште е само предлог, а како што пренесуваат медиумите, кога тој ќе биде донесен нема да биде применуван ретроактвно, односно нема да важи за оние кои веќе имале работа во клубовите во Премиер лигата.