500 гр готови кори
Премаз
7 лажици брашно
1 свеж квасец
2 шолји млеко
1 шолја масло
сол по вкус
400 гр сирење
1. Во тенџере се става топлото млеко, квасецот, маслото и се остава да се активира. Ќе дојде густа смеса како за палачинки и со оваа смеса се премачкуваат корите.
2. Се зема една кора и се става од смесата на целата кора. Се премачкува и се става втората кора и пак се премачкува, па третата кора, и одозгора рендано или дробено сирење само на почетокот од кората.Се витка во ролат и се става во подмачкана тава. Така се прави и со останатите кори.
3. Од преостанатиот премаз кој ќе остане се поливаат и се премаачкуваат целите ролати, се сечат и се пече на 200 С- 30мин.