Според астролозите, три хороскопски знаци изневеруваат помалку од останатите.
Рак
Изневерувањето е спротивно од сето она за што се залага ракот, а тоа го прави еден од најверните знаци во Зодијакот. Со него владее Месечината, небесно тело поврзано со чувства, па затоа ракот е посебно чувствителен на кршење срца. Како резултат на тоа, тој полека се отвора пред нови партнери и има тенденција да тестира и да го проверува потенцијалниот партнер пред да биде подготвен воопшто да размислува за тоа да го пушти во својот живот. Ракот сака сигурност и непоколеблив партнер. Ако го изневерите ракот, тој нема да ви возврати, но многу брзо ќе го почувствувате неговото ‘ладење’ кое и тоа како знае да го покаже.
Скорпија
И скорпијата го штити своето меко срце. За скорпијата довербата е неопходна, но таа треба да се заслужи. Шкорпијата по природа е мистериозна, а еднаш кога ќе биде сигурна во лојалноста и верноста на својот партнер, таа ќе биде сè што може да посакате. Сепак, без оглед на тоа колку скорпијата е повлечена, тоа може брзо да се промени ако се чувствува предадено. Овој знак верува во карма, па ако сте неверни, постои голема шанса скорпијата брзо да ви врати со иста мера.
Јарец
Јарецот од сите знаци во хороскопот најсериозно ја сфаќа верноста. Тоа е затоа што владејачка планета Сатурн се состои од структури и закони. Значи кога ќе даде збор, го мисли тоа до срж. Овој знак има традиционален поглед на врските, па кога еднаш ќе се впушти во врска, тогаш оди докрај. Јарецот е многу селективен кога го бира оној на кој ќе му го даде срцето. Бара партнер кој ќе му го подобри животот и ќе му помогне во остварување на целите, а пронаоѓање нови партнери може да му претставува предизвик. Кога ќе ја пронајдат личноста, никогаш нема да изневерат.