Се бара притвор за 60-годишник кој се самозадоволувал пред деца во Скопје

пред 4 години

Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 60-годишен маж кој се сомничи за кривично дело – задоволување на полови страсти пред друг.

Станува збор за жител на селото Миладиновци, кој е осомничен дека на 3 февруари, на улицата „Беровска“, во Скопје вршел полови дејствија пред три деца помали од 14 години. Настанот го забележал сведок кој изреагирал и го избркал обвинетиот од местото.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и веројатност да го повтори делото.

Наведените околности упатуваат на тоа дека нема услови за определување на поблага мерка за обезбедување негово присуство во текот на постапката, особено ако се има предвид тежината на предметното кривично дело и запретената казна од над 4 години затвор, оцени надлежниот јавен обвинител.​

Share
Scroll to Top