Уапсен српскиот пејач Слоба Радановиќ

Уапсен српскиот пејач Слоба Радановиќ

пред 4 години

Српската полиција го уапсила пејачот Слоба Радовановиќ, откако упаднала во кафеана во која тој пеел, и покрај забраната за одржување концерти и свирки во Србија. Полицијата во локалот затекнала стотина луѓе, и сите тие биле идентификувани и пуштени да си одат, пишуваат медиумите.

Кога полицијата влегла во кафеаната, веднаш побарале да се исклучи музиката, а на пејачот му го одзеле микрофонот. Против Радовановиќ, кој се прослави со шоуто „Ѕвездите на Гранд“, неговиот бенд и менаџментот на кафеаната се поднесени прекршочни пријави.

Како што пишуваат српските медиуми, Слоба е приведен и сослушан во полиција околу случувањата. Во Србија го осудија неговиот настап, а на социјалните мрежи пишуваат дека се згрозени од неговото несовесно однесување.

Share
Scroll to Top