Откриен уште еден нов вид на коронавирус, научниците загрижени поради новата мутација на шилестиот протеин

пред 4 години

Во Велика Британија е откриен уште еден вид на коронавирус со потенцијално загрижувачки пакет мутации, велат експертите.

Видот, познат како Б1525, е предмет на извештајот на истражувачите од Универзитетот во Единбург, кои велат дека е откриен со геномско секвенционирање во 10 земји, вклучувајќи ги Данска, САД и Австралија, додека  во Велика Британија досега се откриени 32 случаи. Најраните случаи датираат од декември, а се појавија во Велика Британија и Нигерија, според „Гардијан“.

Тимот вели дека варијантата во својот геном има сличности со варијантата во Кент, Б117 и содржи голем број мутации што ги загрижуваат истражувачите, вклучувајќи ја и мутацијата E484K на шилестиот протеинот – протеин кој се наоѓа од надворешната страна на вирусот и кој игра важна улога во помагање на вирусот да влезе во клетките.

Оваа мутација E484K е присутна во соеви кои се појавија во Јужна Африка и Бразил и се смета дека го прави вирусот поспособен да избегне неутрализирање на антитела произведени од телото.

Share
Scroll to Top