Фаучи: Се чувствував непријатно кога одев во Белата куќа

пред 4 години

Водечкиот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи откри дека се чувствувал непријатно кога одел во Белата куќа. Тој зборуваше за моментот кога кон крајот на минатата година, многу луѓе во резиденцијата на американскиот претседател биле заразени со коронавирус.

Фаучи, кој има 80 години, во интервју за порталот „Аксиос“ изјави дека бил свесен дека има голем ризик од сериозен исход доколку се зарази.

„Не се фокусирав на тоа, но тоа беше во мојата потсвест затоа што морав секој ден да одам во Белата куќа, којашто беше место на големо ширење вирусот. Затоа се чувствував малку непријатно“, изјави Фаучи, пренесува „Гардијан“.

Минатиот октомври, тогашниот американски претседател Доналд Трамп беше заразен со коронавирусот, по церемонијата во Роуз Гарден на која ја претстави Ејми Кони Барет за свој кандидат за судија на Врховниот суд. На настанот беа присутни многу луѓе, од кои многумина не носеа маски. Најмалку седум лица кои присуствуваа беа тестирани на коронавирус, вклучувајќи ги Трамп, неговата поранешна советничка Келиен Конвеј и двајца републикански сенатори.

Share
Scroll to Top