Со Јуве, Парма и Интер го освоил Купот на УЕФА, денес е уапсен за производство на дрога

Со Јуве, Парма и Интер го освоил Купот на УЕФА, денес е уапсен за производство на дрога

пред 4 години

Луиџи Сартор, кон крајот на минатиот и почетокот на овој важеше за исклучително добар фудбалер. Сартор играл за сите младински селкции на Италија, а успеал два пати да настапи и за сениорската репрезентација.

Сартор, со Јувентус, Парма и Интер го освоил Купот на УЕФА, а со Виченца го освоил Купот на Италија.

Италијанските медиуми, денес, објавија дека 46-годишниот Сартор, завршил зад решетки. Во својот дом тој одгледувал марихуана. Полицијата во неговиот дом, во близина на Парма, пронашла 106 стебла марихуана.

Сартор и неговите активности биле подолго време предмет на полициска истрага.

Share
Scroll to Top