Жените имаат појак имунитет отколку мажите, па од таа причина, меѓу другото, тие послабо понесуваат болка. Освен тоа, на нив подобро делуваат вакцините и бројни медикаменти, тврди професор Питер Џонсон од британскиот институт за истражување на рак.
Според студиите на Универзитетот во Лидс, мажите почесто умираат од малиген меланом отколку жените, а експертите веруваат дека „виновникот“ за тоа е тестостеронот.
Машкиот имунитет, инаку, послабо се брани од канцерогените ќелии и не успева да го сопре нивното ширење во телото, како женското. Тоа би можело да биде причина зошто повеќе мажи умираат од меланом.
Двете страни на медалот
„Малигниот меланом е исклучително поврзан со имунитетот. Поради тестостеронот мажите имаат повеќе влакна, четвртасти бради, но и послаб имунитет“, објаснува професор Џонсон.
Во текот на испитувањето на животни, научниците го блокирале делувањето на тестостеронот и откриле дека таквата постапка го забрзува заздравувањето на имунитетот од хемотерапија.
Сепак, негативната страна на силниот женски имунитет е нивната склоност кон заболувањето од автоимуни болести, покажува студијата на Универзитетот Фридрих Шилер во Јен.
Понежниот пол пати и од хронични болести, како дијабетес тип 1, мултипла склероза, реуматичен артритис…
Поефикасна терапија
Начинот на кој тестостеронот му смета на имунитетот не е утврден, но експертите веруваат дека може да се открие со помош на создавањето поефикасни терапии за мажите. Притоа, заклучено е дека тестостерон игра и значајна улога во тоа што жените поднесуваат вируси (грип и корона вирус).