Двејн Џонсон сака да се кандидира за претседател на САД

Двејн Џонсон сака да се кандидира за претседател на САД

пред 4 години

Еден од најплатените холивудски глумци, Двејн Џонсон, вели дека би сакал да се кандидира на наредните претседателски избори во САД. Тој вели дека е отворен за ова идеја, но само доколку тоа од него го побара народот.

„Јас би размислил за претседателски кандидат во иднина, ако тоа е она што луѓето го сакаат. Навистина го мислам тоа. Но, тоа ќе зависи од луѓето. Ќе почекам и ќе го слушнам нивното мислење“, изјавил Џонсон за весникот „Ју-ес тудеј“.

Тој уште претходно во неколку наврати јавно изјави дека би сакал да го предизвика Доналд Трамп на изборите кои минаа во 2020 година. Тој вели дека бил воодушевен од големиот број фанови кои го поддржале во ваквата идеја.

 

„Навистина ме одушевија. И тоа морам да признаам ми ласка. Мислам дека луѓето сакаат да видат едно поинакво и подобро лидерство денес“, изјавил Џонсон.

Светските медиуми потсетуваат дека некогашниот професионален борач, а сега омилен актер, добил голема поддршка од фановите откако изразил желба дека еден ден сака да стане претседател еден ден.

Share
Scroll to Top