Се сврши Парис Хилтон

пред 4 години

Познатата светска хотелиерка Парис Хилтон се сврши со своето момче, бизнисменот Картер Реум. Како што пренесуваат светските медиуми, Картер ја побарал за жена, на неговиот приватен остров, каде и подарил дијамантски прстен со смарагди, дизајниран од Жан Дусе.

„Чекањето вредеше, апсолутно. Возбудена сум и сега го чекам следното поглавје во мојот живот. Имам партнер што ме поддржува. Морам да кажам дека двајцата сме еднакви во нашата врска и се цени секое мислење. Се обидуваме да станеме и подобри луѓе, изјавила Хилтон за „Вог“.

„Кога ќе ја пронајдете вашата сродна душа, го знаете тоа. Го чувствувате тоа“, напишала Хилтон на „Инстаграм“

За потсетување двојката се заедно речеиси една година. Првпат шпекулациите за нив излегоа во јануари минатата година, кога беа забележани на свеченостите на Златниот глобус. Двојката ја потврди врската на „Инстаграм„ во април.

Ова ќе биде прв брак за Хилтон, иако досега неколку пати се свршуваше. Со нејзиното поранешно момче Крис Зилка ја раскинаа свршувачката во ноември 2018 година.

Share
Scroll to Top