Ниските модели на фармерки, прилепени за телото, одат во заборав. Оваа сезона на сцената се враќа моделот што ѝ ласка баш на секоја фигура, во кои нозете изгледаат повити и подолги. А тоа се ѕвонарките.
Беа доста популарни во текот на 70-тите и 80-тите, а сега повторно се враќаат на модната сцена. Овој модел го носевме и минатата година, но оваа сезона особено ќе доминираат.
Модните експерти велат дека ова е единствен модел што ви е потребен и советуваат да набавите еден пар во црна и еден во класична тексас сина боја. Ќе можете да правите разни стајлинзи за разни пригоди.
Доколку не сакате фармерки, во обѕир доаѓаат и панталоните во истиот крој.