Лора Перез од Сан Антонио Тексас, вели дека нејзиниот брак пропаднал, затоа што сопругот Џои станал љубоморен, затоа што таа успеала да ослабне повеќе од 130 килограми.
Лора, која сега се води под името Анџелика некогаш тежела 270 килограми. Таа имала големи здравстени проблеми, а се случувало понекогаш да има и потешкотии во дишењето. Сопругот морал постојано да биде со неа да и помага во извршувањето на најосновните потреби.
Џои вели дека по многу години грижење а неа, тој на крајот се чувствувал како да е отфрлен од нејзиниот живот.
„Колку мене ми беше подобро, толку бракот се влошуваше“, изјавила Лора.
Пресвртот во нејзиниот живот се случил кога таа одлучила да ослабе. Анџелика се ставила на посебен режим на исхрана и во првата фаза ослабела 130 килограми.
Сега Лора има само 70 килограми. Го променила изгледот на лицето и нејзиното тело и ретко кој можел да ја препознае. Станала како вистинска манекенка, а мажите не можеле да одолеат на нејзината убавина.
На крајот Џои решил да поднесе документи за развод и да ја остави. Покрај тоа што се чувствувал отфрлен од нејзиниот живот, чувствувал и љубомора затоа што не можел да поднесе другите мажи да ја гледаат.