Оскаровката Ема Стоун ја глуми „Круела“ во „101 далматинец“

Оскаровката Ема Стоун ја глуми „Круела“ во „101 далматинец“

пред 4 години

Оскаровката Ема Стоун ја глуми „Круела“ во филмот „101 далматинец“. Од продукцијата на „Волт Дизни“, го објавија првиот трејлер. Стоун ќе ја игра улогата на култниот негативец во филмот, познатата Круела де Вил, а заплетот ќе биде подреден на животот од нејзината младост.

Она што може да се забележи на самиот трејлер и во описот на филмот е дека Дизни има тенденција да го насочи фокусот на дејството на филмот кон главните негативци, што е многу популарна идеја во филмската индустрија во последно време.

Многу филмски критичари истакнаа дека Дизни се стреми кон успехот на филмот „Џокер“ со овој филм, во кој заплетот е подреден на главниот негативец од серијата филмови за Бетмен.

Покрај Стоун, во новата продукција на Дизни ќе играат и Ема Томпсон, Џоел Фрај, Пол Волтер Хаузер, Марк Стронг и Емили Бичам.

Според најавите, филмот „Круела“ треба да се појави во кината на 28 мај.

Share
Scroll to Top