Ѕверката нема да се појави во новото продолжение на „Сексот и градот“

Ѕверката нема да се појави во новото продолжение на „Сексот и градот“

пред 4 години

Откако продуцентите на серијата „Сексот и градот“ најавија дека во новото продолжение нема да се појави ликот на Саманта (Ким Катрал), сега оркрија дека во серијата ќе го нема ни Ѕверката, кого го глумеше Крис Нот.

Иако Нот имаше една од главните улоги во серијата и во двата филма „Сексот и градот“, според сценариото за третиот дел, тој наводно умира од срцев удар под туш, па затоа не постои можност да глуми во новата минисерија. Освен Саманта и Ѕверката, овојпат нема да го има ни ликот на Стив Брејди (Дејвид Ајгенберг) кој го играше сопругот на Миранда Хобс, пишуваат американските медиуми.

Продолжението на серијата „Сексот и градот“, чиј оригинален наслов гласи And Just Like That, ќе има 10 получасовни епизоди. Снимањето треба да почне во Њујорк кон крајот на пролетта. Оваа серија ќе се емитува 16 години откако заврши последната, шеста сезона на серијата, а десет години откако излезе филмот „Сексот и градот 2“. Новата серија ќе се снима за стриминг сервисот „Ејч-би-о макс“