Осака повторно е кралица во Мелбурн – лесно и брзо се справи со Брејди

Осака повторно е кралица во Мелбурн – лесно и брзо се справи со Брејди

пред 4 години

Наоми Осака со убедливата победа против Џенифер Брејди по само 79 минути игра во Мелбурн 2:0 (6:4, 6:3) повторно го освои Австралија опен.

Тенисерката која и во 2019 беше кралица во Мелбурн оваа година во Австралија дојде како трета носителка.

Првиот сет од мечот во поголемиот дел беше изедначен, а Јапонката одлучувачкиот удар на противничката и го зададе баш кога таа сервираше за опстанок во сетот. Овој сет траеше 43 минути.

Во вториот со психолошка предност Осака беше видлива, па за 20-тина минути таа направи два брејка и поведе со големи 4-0, па прашањето на победникот не беше доведено во прашање.

Ова е четвртиот трофеј за Наоми Осака од грен слем турнирите.

Share
Scroll to Top