Мирно фудбалско попладне на „Олимпико“ во Рим, без многу возбудувања.
Домаќинот Лацио со 1-0 славеше против тимот од Џенова, Сампдорија.
Голот вреден три поени беше дело на Луис Алберто во 24 минута по одличната асистенција на Сергеј Милинковиќ Савиќ.
Иако „небесно-сините“ го имаа поседот на топката, упатија и повеќе удари кон голот на Аудеро, само прецизниот шут на Алберто го најде патот до мрежата.
Лацио со денешните 3 бода направи скок на табелата од цели четири позиции, па екипата предводена од Симоне Инзаги сега е четврта (43 поени) на табелата пред Јувентус, Наполи и Аталанта, а зад градскиот ривал Рома.
Сампдорија по неуспехот останува на 10-тата позиција со 30 бода.