post-image

Почина Марина Пухариќ, пејачка на староградска и забавна музика

пред 4 години

Марина Пухариќ, пејачка на народна, староградска и забавна македонска музика, почина вчера на 66. годишна возраст. Беше дел од групата „Македонија“, и женската пејачка група „Сирма“, а беше позната и по соработката со композиторите Љубомир Бранѓолица, Ванчо Димитров, Јанко Узунов.

„Мојот разбој“, „Мојот сон“, некои од нејзините песни, а имаше и интерпретации на традиционални песни: „Зошто ми се срдиш либе“, „Дали го видовте“, „Кажи Анѓо, кажи душо“, како и песните од забавната музика: „Си одиш ти од мене“ „Есенска елегија“, „Биди насмеан“, „Помина време“.

Пухариќ е внука на легендарната пејачка Нина Спирова, која почина лани во септември. Освен во музичкиот свет, работеше и како наставничка по предметите физика и хемија. Посмртните останки ќе бидат изложени утре во капелата на гробишта во Бутел во Скопје од 13:30 до 14 часот.

Share
Scroll to Top