Касемиро погоди со Валјадолид, Реал опасно се доближи до градскиот ривал

Касемиро погоди со Валјадолид, Реал опасно се доближи до градскиот ривал

пред 4 години

Само еден гол постигнаа „Кралевите“ вечерва на гостувањето кај Валјадолид во рамки на 24. коло во Ла Лига, доволен за трите бода да патуваат кон Мадрид.

Реал славеше тешка но заслужена победа благодарение пред се на Касемиро кој прецизно биеше со глава во 65 минута по центаршутот на Крос.

Во отсуство на повредениот Бензема, нападното трио на Кралевите го сочинуваа Жуниор, Асенсио и Маријано, но Реал за 90 минути само двапати биеше во рамките на голот на Масип.

Со овој триумф мадридската екипа се доближи на само 3 поени до лидерот на табелата, Атлетико кој повторно киксна против екипата на Леванте.

Share
Scroll to Top