Две жени ја повлекоа тужбата против Џејмс Франко за сексуално вознемирување

Две жени ја повлекоа тужбата против Џејмс Франко за сексуално вознемирување

пред 4 години

Сара Тајтор-Каплан и Тони Гал, кои го тужеа актерот Џејмс Франко за сексуално вознемирување, ја повлекоа тужбата, откако се спогодиле со актерот. Двете страни поднесоа заеднички извештај до Врховниот суд во Лос Анџелес, кој открива дека жените се откажале од своите индивидуални побарувања, пишуваат американските медиуми.

Ова доаѓа откако Франко поднесе приговор на тужбата. Тој и неговите партнери од школата за глума „Плејхаус вест студио 4“, која беше отворена во 2014 година и затворена три години подоцна, добија тужба за непримерно сексуално насилно однесување кон студентки со тоа што ја сексуализирале нивната моќ како учители и работодавачи и ги условувале за улоги во нивни проекти.

Според судските документи, во писмениот приговор се наведува: „Иако непристојните наводи во тужбата направија храна за таблоидите, тие се исто така лажни, правно неосновани и донесени непрописно во форма на колективна тужба, главно за да се придобие што е можно повеќе публицитет.Овој судски процес е травестија на правдата и кулминација на една безвредна кампања која неправедно извалка тешко заработен углед на пристоен човек.“

Share
Scroll to Top