Хаос се случувал синоќа во скопската населба Ченто, кога две лица ограбиле спортска обложувалница, а на излегување од објектот испукале еден кушум.
Според информациите од полицијата, тие заминале со автомобил и на улицата Фуштанска удриле во патничко возило „мицубиши“, по што го оставиле нивниот автомобил и побегнале.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.