Сопругата на мексиканскиот нарко-шеф, Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо, Ема Коронел Аиспуро, е уапсена на меѓународниот аеродром во Вашингтон. Обвинителството ја има обвинето дека е вмешана во мрежата на растурање дрога, пренесоа синоќа американските власти.
Ема, која има американско и мексиканско државјанство, треба денес да излезе пред сојузен судија. Обвинета е дека учествувала во дистрибуција на кокаин, метамфетамин, хероин и марихуана. Нејзиниот сопруг, коосновачот на картелот Синалоа, кој се смета за најмоќниот нарко дилер на светот, беше осуден во јули 2019 година, на доживотен затвор.

Ел Чапо ја издржува казната затвор во американската држава Колорадо. Картелот Синалоа, според американските официјални лица, бил најголемиот снабдувач на дрога во САД.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Додека го чека 12 дете, Ник Канон заврши во болница
Успеав да ги хипнотизирам сите гледачи, вели манекенката од серијата Squid Game која преку ноќ стана мега популарна
Биткоинот достинга нова рекордна вредност од 57.000 долари
Хакер се обидел да ја отруе водата во град во Флорида
Белата куќа ќе биде заштитена со нова ограда во пресрет на изборите
