Компанијата LG подготвува ја подготвува W41 линијата достапни смартфони, а се очекува дека ќе бидат бидат претставени три модели – LG W41, LG W41+ и LG W41 Pro.
Интересно е што единствената вистинска разлика помеѓу споменатите три модели е капацитетот на достапната меморија и просторот за складирање. Значи, W41 ќе има 4GB RAM и 64GB простор, Plus моделот доаѓа со 4GB RAM и 128GB простор, додека W41 Pro ќе биде достапен во варијанта од 6GB+128GB.
LG W41 смартфоните ќе имаат 6,55-инчни HD+ екрани со еден отвор за селфи камерата од 8MP. На задната страна се наоѓа сензор за отпечатоци и систем со четири камери, кој го сочинуваат 48MP главен сензор, 8MP ултраширок, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина.
Уредот ќе се напојува од батерија со капацитет од 5000mAh, а телефоните ќе ги покренува MediaTek Helio G35 чипсет. LG не го објави официјалниот датум на претставување или цената на W41 серијата уреди.