„Астра Зенека“ повторно нема да ја испорача договорената доза вакцини во ЕУ

пред 4 години

Компанијата „Астра Зенека“ ѝ соопшти на Европската унија дека во вториот квартал ќе достави помалку од 90 милиони дози од вакцината против коронавирус. Тоа значи дека „Астра Зенека“ ќе испорача помалку од половина од бројот на договорени вакцини за набавка на ЕУ во вториот квартал.

Според договорот компанијата се обврза да испорача 180 милиони дози.

Доколку се намалат дозите на вакцините, ова може да влијае на способноста на ЕУ да ја постигне целта за вакцинирање на 70% од возрасните до летото.

Официјален претставник на ЕУ, кој сакаше да остане анонимен, потврди дека „Астра Зенека“ планира да испорача околу 40 милиони дози во првиот квартал, што е повторно помалку од половина од 90 милиони дози што требаше да ги испорача.

Портпарол на компанијата изјави дека се надеваат дека ќе можат подобро да ги усогласат испораките со договорот за набавка на авазивна вакцина.

Европската комисија, која ги координира преговорите со производителите на вакцини, одби да ги коментира податоците.