Австралиски научници откриле уметничко дело старо 17.300 години. Тие пронашле слика од кенгур, нацртана на карпа. Сликата е два метра широка и е нацртана со црвена боја, пренесе Би-би-си.. Цртежот е најден во регионот Кимберли во западна Австралија.

Овој предел е познат по абориџинските слики на карпа. Ова откритие е објавено денес во списанието „Природно човечко однесување“. Научниците претпоставуваат дека станува збор за недопрено уметничко дело во Австралија.

Претходно оваа година истражувачите ја најдоа најстарата пештерска слика на светот, на островот Сулавези во Индонезија. На сликата има нацртано свиња во природна големина и се претпоставува дека е стара 45.000 години.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Сакам да станам мајка и да имам свое дете, открива Јелена Розга
Хари и Меган евакуирани од домот во Калифорнија
Скапо го платив кафето со Венко, ме избркаа од работа: Лиде Лиде за популарната средба со Филипче
Македонски тренер со женската фудбалска репрезентација на САД освои бронзен медал на Олимпијадата во Токио
Манчестер сити и Челзи излегуваат од европската Суперлига
(Фото) „Си се унаказила со операциите“, фановите ја нападнаа Лепа Брена дека изгледа како страшило
