Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ објави дека започна со тестирање на третата доза на вакцина против Ковид-19, како дел од стратегијата за борба против мутирани верзии на коронавирусот.
Здравствените власти тврдат дека првата генерација на вакцини против Ковид-19 сè уште штити од варијанти што се појавуваат во различни делови на светот. Производителите, сепак, започнаа со подготовки во случај да се појави мутација на вирусот отпорен на вакцини.
„Фајзер“ соопшти дека ќе добие трета доза за 144 волонтери, избрани меѓу луѓето кои учествувале во раните фази на тестирање на вакцините во САД во текот на изминатата година. Компанијата сака да утврди дали дополнителна доза на вакцина дадена шест до 12 месеци по првата доза ќе го зајакне имунитетот доволно за да го заштити организмот од мутиран вирус.
„Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ исто така го усовршуваат својот рецепт за вакцини. Компаниите дискутираат со американските и европските регулатори за студија која би ги проценила дозите потребни за подобар одговор на варијантите на вирусот, како што е онаа прва откриена во Јужна Африка, пренесува АП.