(Фото) Лејди Гага ќе ја игра црната вдовица на Маурицио Гучи

(Фото) Лејди Гага ќе ја игра црната вдовица на Маурицио Гучи

пред 4 години

Светска поп-ѕвезда, Лејди Гага деновиве е во Рим, каде што ќе го снима филмот „ Гучи“. Таа ќе ја игра улогата на Патриција Реџани, поранешната сопруга на Маурицио Гучи, италијанскиот моден магнат, првиот човек на брендот „ Гучи“. Патриција попозната под прекарот „црната вдовица“ поминала 18 години во затвор затоа што го ангажирала професионален убиец за да го убие својот поранешен сопруг во 1995 година.

Режисер на филмот е Ридли Скот, а во него ќе играат и Роберт Де Ниро, Џаред Лето, Ал Пачино и Адам Драјвер.

Позната по своите екстравагантни модни комбинации, Гага само мал број на минувачи можеле да ја препознаат, поради драстичната промена на нејзиниот изглед, посебно на нејзината боја на коса. Пред само неколку месеци, таа имаше розова боја на коса, на инаугурацијата на Џо Бајден, беше платинесто русокоса, а сега пејачката е бринета.

Share
Scroll to Top