Потребни состојки:
7 компири
1 кромид
500 грама говедско месо
25 грама путер
160 грама брашно
1 јајце
сол и бибер
малку масло
Начин на подготовка:
Сварете го компирот, а потоа измесете го вареното тесто од компир додавајќи јајце, путер, брашно, сол и бибер. Во тава препржете го говедското и кромидот. Од тестото направете топчиња, расукајте ги и врз нив ставете од месото. Завиткајте ги за да добиете повторно топка, па кога ќе ја затворите убаво, сплескајте ја со рацете за да добиете облик на американска палачинка. Испржете ги палачинките во тава на малку масло.