На вчерашниот протест кој го организираа роднините на осудените во „Монструм“ се повредени вкупно 11 полицајци.
Веднаш по протестот МВР јави дека бројот на повредни полицајци е седум, но повреди имале уште четворица полицајци поради кои бројката се искачила на 11.
Сите се на домашно лекување.
„Кај сите полициски службеници се констатирани лесни телесни повреди и истите по извршен преглед се пуштени на домашно лекување“, велат од МВР.
Досега во полициска станица се приведени осум демонстранти, а по насоки на Јавен обвинител ќе им биде поднесена кривична пријава за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, предвидено и казниво по член 385 од Кривичниот законик.
„СВР Скопје презема активни мерки и активности за дополнителна идентификација на други лица кои учествуваа во нарушувањето на јавниот ред и мир по што ќе бидат преземени соодветни законски мерки“, велат од МВР.
Демонстранти со фантомки вчера на протестот врз полицијата фрлаа камења, јајца, балони со вода, боја, пластични столици, а врз полицијата ги фрлаа и металните корпи за отпадоци што ги откорнуваа од тротоарите.