Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 91 нов случај на зараза со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи денес е вкупно 2.892, објави Националниот кризен штаб.
Меѓу нив, 791 пациент е во болница, од кои 64 пациенти се на апарати за дишење. Починаа 11 лица.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, вкупно се евидентирани 243.064 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 5.537 починале, вкупно 234.635 закрепнале, од кои 401 во последниот 24 часа.
Во моментов има 14.074 лица во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 1.346.946 лица, од кои 2.294 во последните 24 часа.
Од денес кафулињата и рестораните во Хрватска ги отвораат терасите и ги служат гостите на нив, а можни се и тренинзи во затворени простории, но сето тоа според строги правила.