Премиерот на Австралија Скот Морисон денес застана зад обвинетиот неименуван министер во неговата влада, од кого дел од јавноста побарала оставка, затоа што наводно пред триесет години, силувал 16 годишна тинејџерка, пренесува „Асошиетед Прес“.
Морисон изјавил дека неименуваниот министер остро и целосно ги негирал наводите за силување и додал дека случајот им го препуштил на полицијата.

Обвинувањето создаде облак на сомнеж за 16 луѓе во владата на Морисон, која е составена од 22 министри. Анонимно писмо со обвинување за силување било испратено на адресата на премиерот и тројца пратеници минатата недела.
Во писмото се наведува дека силувањето се случило во државата Нов Јужен Велс, во 1988 година. Жената чие име не е соопштено во јавноста, го пријавила случајот во полиција, пред да изврши самоубиство во јуни минатата година, на 49 годишна возраст.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Обожавателите се тажни што Кание Вест веќе не е милијардер па почнаа да собираат донации за раперот
По смртта на кралицата, децата на Хари и Меган станаа принц Арчи и принцеза Лилибет
Манчестер јунајтед го отпушти тренерот Оле Гунар Солскјер
Од корона почина саксофонистот Ице Атанасовски
(Фото) Тимур Дибиров во Русија: Москва е најубава за Нова година
„Имам нова љубов и среќен сум“ – искрено со Перо Антиќ
