Размената на информации и прекуграничната соработка се неопходни во борбата против Ковид-19, изјавија медицински советници од САД и Кина, во редок знак на солидарност, објави Кинеската медиумска група (ЦМГ).
Главниот медицински советник на американскиот претседател, Ентони Фаучи, разговараше со кинескиот експерт за респираторни заболувања, Џунг Наншан, на вебинар организиран од Универзитетот во Единбург.
Џунг ја пофали одлуката на американскиот претседател Џо Бајден да го обнови финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО) како навистина добра вест.
За Џунг, СЗО поддржан од САД може да игра уште поголема улога во прераспределбата на вакцините против коронавирус.
„Десетина земји имаат околу 75 проценти вакцини“, предупреди поранешниот претседател на Кинеското медицинско здружение, кој повика на понатамошна меѓународна поддршка во Ковакс, глобална иницијатива за рамномерна дистрибуција на вакцините, поддржана од САД и Кина.
И Фаучи како Џонг е поборник за глобална вакцинација, бидејќи вирусот може да се размножи и потенцијално да мутира во земји со ниски стапки на вакцинација, што може да доведе до нов бран на вирусот.