Вечните скопски ривали, МЗТ и работнички, попладнево, одиграа натпревар во Сараево, во АБА2 лигата. Во трилер завршница победата им припадна на кошаркарите на МЗТ со 84:82 (17:21, 24:13, 22:27, 21:21).
МЗТ ја забележаа петтата победа во осмиот меч сезонава, во АБА2 лигата, додека Работнички има скор од две победи и шест порази. На табелата МЗТ се наоѓа во групата од шест тима, кои се наредени од второто до седмото место на табелата, додека Работнички се претпоследни.
Дуелот во Сараево, беше решен во неизвесна завршница, откако Работнички во третиот период со серија од 11 поени, успеа да ја стигне предноста на МЗТ.
Драмата кулминираше во финишот кога Олуџоби го блокираше Питс при водство на Работнички 80:76, решавачкиот момент се случи кога најдобриот играч на Работнички, Питс, направи неспортски фаул врз Балмазовиќ. МЗТ од тој фаул постигна три поени и го заклучи натпреварот со 84:82.
Крстевски со 19, односно Стојановски и Бојиќ со по 14 поени го предводеа МЗТ до победата. Кај Работнички се истакнаа Питс со 20 поени, односно Младеновски со 17 поени и осум скока.