Хамшик се враќа дома во Слован Братислава

Хамшик се враќа дома во Слован Братислава

пред 4 години

Поранешниот капитен на Наполи, Марек Хамшик не се враќа во Серија А, туку ќе потпише договор со својот матичен клуб Слован Братислава по кинеската авантура со Далијан Јифанг, тврдат италијанските медиуми.

Во зимскиот преоден рок имаше шпекулации дека тој ќе се врати во Наполи или ќе потпише со друг клуб по прекинувањето на договорот со клубот од Кинеската суперлига, но сега се верува дека ќе потпише краткотраен тримесечен договор со Слован пред да размисли за следниот чекор во кариерата.

Хамшик ја почна кариерата во академијата на Слован во 2003 година, пред во 2004 година да потпише за Бреша, а во 2007 да замине за Наполи, каде што помина 11 и пол години.

Share
Scroll to Top