Пари Сен-Жермен стигна до 0:1 победа на тешкото гостување кај Бордо и недостасуваа минути за по 28 кола да се врати на врвот на француската Лига 1, пред Лил со два гола по 90-тата минута да стигне до 2:0 победа во дербито со Олимпик Марсеј и да го сочува врвот.
Пабло Сарабија го постигна единствениот гол на „Матму Атлантик“ во 20. минута од мечот, и тоа беше доволно за победа на „светците“, кои сега имаат 60 поени на второто место на табелата.
Бидејќи до 90-тата минута во Лил беше 0:0, со овој резултат ПСЖ ќе беше прв со подобра гол разлика, но Канаѓанецот Џонатан Дејвид постигна два гола во 90. и 94. минута, за Лил да остане прв со 62 поени. Во трка за титулата во Франција е и Лион на третото место со 59 поени, откако со 1:0 го совладаа Рен.
ЛИГА 1, 28.КОЛО
Бордо – ПСЖ 0:1
Лил – Марсеј 2:0
Монпелје – Лориен 1:1
Нант – Ремс 1:1
Стразбур – Монако 0:0
Брест – Дижон 3:1
Лион – Рен 1:0
Мец – Анжер 0:1
Ница – Ним 2:1
Сент-Етјен – Ленс 2:3