Компанијата на милијардерот Илон Маск, „Спејс икс“, лансираше денес уште 60 сателити „Старлинк“, дополнително зголемувајќи ја својата вселенска интернет мрежа. Тоа беше дваесеттото успешно лансирање, а бројот на сателити „Старлинк“, во орбитата порасна на 1124.
Неговата цел е да лансира повеќе од 40.000 сателити, кои пренесуваат интернет до корисниците ширум светот, а во моментов услугата на вселенскиот интернет ја користат околу 10.000 луѓе.
Deployment of 60 Starlink satellites confirmed pic.twitter.com/ta7iXyr7BK
— SpaceX (@SpaceX) March 4, 2021
Компанијата го лансираше својот прв сателит во орбитата во 2018 година. Целта на мисијата била да им овозможи на луѓето во подрачјата со ниска до умерена густина на населеност ширум светот, пристап до брз интернет, вклучително и луѓето кои никогаш претходно немале пристап до интернет.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
(Видео) Водител му мешаше на Спасен Силјаноски качен на кревет додека ечи „Ќе ти дојдам“
Сакам да станам мајка и да имам свое дете, открива Јелена Розга
Хари и Меган евакуирани од домот во Калифорнија
Бобан Илиоски стана европски шампион во кик-бокс
Пицерија во Хрватска почна да им наплаќа на гостите за да им ја исече пицата
Бочели го изгуби видот, Фрида имала пократка нога, Питер Динклиџ со џуџест раст: Славни и покрај попреченоста
