Ервин Тумири, член на екипажот на авионот „ЛаМиа 2933“, во кој животот го загубија 19 фудбалери на тимот „Чапекоенсе“, вторпат успеа да остане жив до голема несреќа.
Тој беше еден од шесте преживеани од падот на авионот во кој во 2016 година загина 71 лице, а сега се наоѓал во автобус кој излетал од патот меѓу два града во Боливија и паднал во бездна длабока 150 метри. Во оваа несреќа почина 21 лице и има над 30 повредени, но Тумири поминал со помали повреди во вид на гребнатини.
„Слушав музика и мижев кога слушнав врисоци. Единствено што можев е да се држам за седиштето и да се потрудам да не се превртувам додека автобусот се тумбаше. Останав свесен и успеав да се извлечам кога автобусот застана. Не можев да поверувам што се случи,“ изјавил тој за локалните медиуми.
Erwin Tumiri, flight technician who miraculously survived the Chapecoense tragedy, has survived again after a bus fell off a 150 meter cliff yesterday in a new accident that left the tragic toll of 21 dead… pic.twitter.com/LIofPbNLSR
— Photos of Football (@photosofootball) March 3, 2021