Молдавија е прва европска земја што прими вакцини против коронавирус од глобалната програма Ковакс, објави претседателката Маја Санду.
Таа на „Твитер“ напиша дека првата транша од 14.000 дози вакцини пристигнала во Молдавија синоќа, пренесува „Ројтерс“.
Во Молдавија имунизацијата започна пред три дена со вакцините на „Астра зенека“, донирани од Романија.