Златан Ибрахимовиќ и Синиша михајловиќ настапија на годинешното издание на еден од најпознатите музички фестивали во светот, Сан Ремо.
Напаѓачот на Милан и тренерот на Болоња настапија со стартиот хит „Ло Вагабондо“, а пота открија некои детали од нивните животи, кои досега не и беа познати на јавноста.
„Еден удар со глава го започна нашето пријателство“, рекол Михајловиќ. Златан и Михајловиќ се судрија на дуелот Интер-Јувентус, на крајот Швеѓанецот доби црвен картон.
„На Златан не можете да му се заканувате, морате да го провоцирате, само така може да го исфрлите од ритам. Толку беше лут, ме удри, па доби црвен картон. Кога дојде во Интер сакав да му вратам“, рекол тренерот на Болоња.
Ибрахимовиќ поентираше со одговорот на прашањето дали ги познава членовите на легендарната шведска група АБА.
„Не, но сигурен сум дека тие мене ме познаваат“.
Mihajlovic – #Ibrahimovic grandi uomini e campioni!! Ma forse come cantanti… ehm… un po’ meno…?#Sanremo #Milan pic.twitter.com/j2ktZ8HpCp
— Luca Maninetti (@MilanInter241) March 4, 2021