Најмалку 20 лица загинаа, а 30 се повредени вечерва во експлозија на автомобил-бомба пред ресторан во близина на пристаништето во сомалиската престолнина Могадиш, соопштија здравствените власти.
Очевидци изјавија дека по експлозијата се слушнале истрели, објави Ројтерс.
„Досега имаме 20 мртви и 30 ранети на местото на експлозијата“, изјави портпаролот на брзата помош од Сомалија.
Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Сомалиското државно радио објави дека имало загинати и повредени а полицијата ја оградила областа.