Навивачите на Ренџерс ја прославуваат титулата

Навивачите на Ренџерс ја прославуваат титулата

пред 4 години

Глазгов Ренџерс ја вратија титулата на Ајброкс. Екипата на Стивен Џерард забележа победа 3:0 над Сент Мирен и на врвот има 21 бод повеќе од вечниот ривал Селтик. Бидејќи Селтик има натпревар помалку, на Ренџерс им фали еден бод за и математички да ја обезбедат титулата.

Селктик, во недела, ќе гостуваат кај Данди јунајтед и доколку не победат, Ренџерс ќе бидат шампиони на шест кола до крајот на првенството на Шкотска.

Ренџерс на овој начин ставија крај на децениското владеење на Селтик. Зелено-белите доминираа во Шкотска, откако Ренџерс прогласија банкрот пред десет години, поради што беа исфрлени во Четвртата лига.

Сигурно е дека најзаслужен за ваквиот успех е менаџерот Џерард.

Навивачите на Ренџерс и покрај забраната за собири, низ улиците на Глазгов ја прославуваат титулата.

 

Share
Scroll to Top